Двапати во еден меч беше урнат 54-годишниот рекорд на Герд Милер

Борусија Дортмунд на убедлив начин ја освои петтата титула во Купот на Германија по триумфот од 4-1 над Лајпциг. Санчо и Халанд со по два погодоци ги израдуваа Милионерите, а како двојни стрелци во мечот урнаа 54-годишен рекорд на легендарниот Баварец Герд Милер.

Милер до вчера со 21 година и 219 дена беше најмладиот фудбалер во историјата кој постигнал два погодоци во едно куп-финале во Германија. На Санчо му успеа како 170 дена помлад, а со тој рекорд во истиот меч завладеа Халанд како најмлад двоен стрелец со 20 години и 296 дена.

Англиското крило можеше да оди чекор подалеку, како најмлад фудбалер со хет-трик во едно куп-финале, меѓутоа промаши празен гол во 84-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести