Двата тима немаа пораз во последните 18 меча, за да им продолжи низата мора да е икс, а коефициентот за тоа е одличен

Глазгов Ренџерс веќе се израдува на шампионската титула во Шкотска и сега може целосно да се фокусира на настапот во Лигата на Европа против Славија Прага. Ренџерс има неверојатна сезона и нема ниту еден пораз во домашното првенство, но вечерва има ривал кој е во слична ситуација.

Славија Прага е убедлив лидер во Чешка и нема ниту еден пораз во првенството, па само прашање на време е кога официјално ќе го освои шампионскиот пехар. Ако се гледаат мечевите во сите натпреварувања, Славија има 18 меча без пораз. Последен пат загуби на 10 декември од Баер Леверкузен во Лигата на Европа, а потоа нареди 14 победи и само четири нерешени.

И Глазгов Ренџерс е без пораз 18 натпревар, односно од 16 декември минатата година кога загубија од Сент Мирен со 3:2. Од тој ден до сега, Ренџерс се израдува на 15 победи, а имаше само три нерешени. Славија и Ренџерс играа пред седум дена во Прага, а дуелот заврши 1:1 и на тој начин продолжија двете серии без пораз во 2021 година.

Ако се знае дека едноставно овие екипи не се научени да губат, но и дека веќе еднаш одиграа нерешено, многу е веројатно и вечерва да биде неизвесно, па и да биде без победник на крајот, односно да заврши нерешено. Коефициентот за „икс“ во Sport Life e одличен и изнесува 3.30.

 

- Оглас -

Најнови вести