Две децении од најпознатиот гол од слободен удар на Дејвид Бекам (Видео)

Фудбалска Англија денеска слави 20-годишнина од прекрасниот гол на Дејвид Бекам од слободен удар, со кој Гордиот Албион се пласира на Светското првенство во 2002 година.

Англичаните на „Олд Трафорд“ губеа со 1-2 од Грција и тогаш, во 93-та минута на сцена стапи Бекам со мајсторски погодок за 2-2 и бод кој ја однесе Англија на Мундијалот во Кореја и Јапонија. Комбинацијата од убавина на голот и неговото значење го прават најважен и најпознат гол на славниот Бекам во неговата кариера.

Еве потсетување на голот кој бурно се славеше пред 20 години:

- Оглас -

Најнови вести