Две „магии“ на Меси, Аргентинецот руши секаков „жив ѕид“, а постави и нов рекорд (Видео)

Лионел Меси даде два гола, а Антоан Гризман еднаш беше прецизен, што беше доволно за Барселона да има убедлива предност од 3:0 на гостувањето кај Гранада. Аргентинскиот виртуоз со два прекрасни шута го матираше домашниот голман, откако претходно, Гризман погоди за водство од 1:0 во една малку чудна акција, која може да ја видите ТУКА.

Првиот погодок на Меси дојде во 35 минута, откако без многу проблем го сруши блокот на противничкот играч и пласираше во мрежата на домаќините. Погодокот може да го видите ТУКА.

Вистинска мајсторија беше вториот погодок на Меси. Аргентинецот доби слободен удар од 16 метри, а иако во „живиот ѕид“ имаше неколку играчи, па дури еден беше и легнат, топката заврши во мрежата на Гранада.

Со овие два погодоци, Меси стана првиот фудбалер во историјата на шпанското првенство кој успеал да постигне барем по 10 гола во 15 сезони по ред.

https://youtu.be/rSUp2EPJMIU

- Оглас -

Најнови вести