Две пеколни серии на Алборг беа доволни за убедлив пораз на Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер го доживеа и вториот пораз во групната фаза на Лигата на шампионите и повторно убедливо, овојпат на гостувањето во Данска, од Алборг со 38-23.

Неизвесно се играше само на почетокот на мечот, а Еурофарм Пелистер имаше сили да издржи само до 8-8, а потоа следуваше серија од 5-0 на ракометарите на Алборг, предност која дополнително ја зголемија во финишот од првото полувреме сè до конечни 18-10 на паузата.

Второто полувреме беше слично на првото. Еурофарм Пелистер пружи отпор само на стартот, а потоа следуваше уште попеколна серија, овојпат од 7-0 за убедливи 29-14 за Алборг. До крајот на мечот Данците двапати имаа и +16, но на крајот ги задржаа они 15 гола разлика кои ги стегнаа кон средината на второто полувреме.

Петровиќ со 7 гола беше најефикасен во составот на битолчани, додека Кузманоски и Тајник по четирипати стрелаа прецизно во противничката мрежа. Во екипата на Алборг имаше дури 13-мина ракометари кои постигнаа погодок, а најефикасен беше Влах со 7.

- Оглас -

Најнови вести