Две „жртви“ во Јувентус по првата победа во Серија А

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Кефрен Турам, и неговиот соиграч Тимоти Веа се соочуваат со мускулни повреди по победата од 3-0 над Комо, соопштија од клубот.

Синот на Лилијан Турам се здобил со повреда на левиот бутен мускул, додека проблемите на синот на Жорж Веа се идентични, но на десната нога.

Двајцата играчи ќе минат низ нови прегледи по околу десетина дена, а очекувањата се дека ќе бидат подготвени за натпреварите на тимот по репрезентативната пауза во првата половина на септември.

Тимоти Веа и Кефрен Турам беа стартери на синоќешниот натпревар со Комо, а американскиот репрезентативец се запиша и во листата на стрелците.

- Оглас -

Најнови вести