Две злата за Македонија на јуниорското Светско првенство во кикбокс

Силвио Мировски во машка и Марија Димовска во женска конкуренција, се светски јуниорски шампиони во кикбокс. Медал освои и Лука Змејкоски кој освои сребро на шампионатот во Унгарија.

Ова е голем успех за македонскиот кик бокс, бидејќи со четворица натпреварувачи. освоени се два златни и еден сребрен медал. На СП учествуваат кикбоксери од 68 држави.

Мировски беше златен кај постарите јуниори во категоријата до 71 килограм, а во финалето го совлада Украинецот Бородатји.

Димовска триумфираше во финалето во лоу кик за помлади јуниори до 60 килограми, против Лијамичев од Израел.

- Оглас -

Најнови вести