Двојна радост за „Делије“: Звезда го доби Олимпијакос во братското дерби

По пласманот во осмина-финалето од Лигата на Европа, навивачите на Црвена Звезда, популарните „Делије“ имаа уште една причина за радост.

Кошаркарите славеа во братското дерби против Олимпијакос со 81:76 во рамките на 14-то коло од Евролигата.

Никола Калиниќ со 25 поени беше лидерот на домашниот тим кој дојде до шестата победа во најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа.

На останатите средби, Фенербахче се радуваше на триумфот на гостински терен кај Зенит од 86:80, додека, пак, Баерн Минхен го победи актуелниот првак Анадолу Ефес со 83:71

ЕВРОЛИГА:

Црвена Звезда – Олимпијакос 81:76

Минхен – Анадолу Ефес 83:71

Зенит – Фенербахче 80:86

Макаби Тел Авив – Уникс Казан 74:85

- Оглас -

Најнови вести