Гарбиње Мугуруза испадна во второто коло на Австралија опен со пораз од 3:6, 3:6 против Ализ Корне и има чудно објаснување за неуспехот на турнирот на кој во 2022 година играше во финалето.
„За се е виновна пандемијата со Ковид-19. Сите од мојот тим имаа Корона-вирус непосредно пред стартот на турнирот, па две седмици тренирав без нив. Беше тешко да се подготвам максимално во такви услови“, рече поранешната шампионка на Ролан Гарос и на Вимблдон.
Засега тоа е најголемото изненадување на женскиот дел од турнирот, бидејќи Мугуруза беше рангирана како трета носителка на гренслемот, а Корне воопшто и не е носителка.
На следното рангирање за ВТА листата Мугуруза ќе загуби многу поени и нема да биде најдобрата шпанска тенисерка, бидејќи пред неа ќе биде Паула Бадоса.
Ноќеска во Мелбурн загуби и шесттата носителка Анет Контавејт од 19-годишната данска тенисерка Клара Таусон со 0:2 во сетови.