Е ова е „два во кец“: Дадоа гол, судијата го поништи и досуди пенал за противникот (Видео)

Барнли убедливо со 3:0 славеше против Борнмут во меч од Премиер лигата. Победата на домаќините е убедлива, но сепак немаше да биде така, доколку не постоеше ВАР системот. При резултат од 1:0, Барнли напаѓаше, а Борнмут успеа да направи контра напад и да даде гол.

Гостите се радуваа на израмнување 1:1, но тоа кратко траеше. Судијата реши да гледа повторена снимка од ситуацијата пред голот, односно кога еден гостински играч со рака ја допре топката во шеснаесетникот. Арбитарот реши дека имало услови за пенал, па го поништи голот на Борнмут и досуди пенал за Барнли.

За само неколку секунди, наместо 1:1, на семоафорот стоеше 2:0 за домаќините, кои до крајот на дуелот постигнаа и трет погодок.

Спорната ситуација е на 50-та секунда од видеото.

 

- Оглас -

Најнови вести