Е ова е експрес – Дојде како тренер, виде и си замина за пет дена

Бизарен е случајот на Исмаил Картал, тренер кој експресно само по пет дена минати во турскиот прволигаш Ерзурум си замина, и тоа без да стигне барем еднаш да го предводи клубот на првенствен меч.

Картал само кусо објасни дека нема веќе енергија и мотивација, додека од Ерзурум со соопштение објавја дека ја прекинале соработката со 59-годишниот тренер.

Картал пред да пристигне во Ерузурум, му беше тренер на нашиот младински репрезентативец Ердон Даци во Коњаспор. Беше сменет по поразот од Бешикташ на почетокот на минатиот месец.

 

- Оглас -

Најнови вести