Е ова е шампионска голгота – Ливерпул загуби со 7:2 на „Вила парк“ (Видео)

Ливерпул претрпе вистинска гологота што долго ќе се памети и загуби од Астон Вила со 7:2 на „Вила Парк“ во меч од четвртото коло во Премиерлигата.

Брилијантните домаќини го растурија актуелниот првак, а поразот долго ќе ги пече шампионите од „Енфилд роуд“. Последен пат Ливерпул примил 7 гола во 1963 година, на дуелот со Тотенхем, а минаа цели 57 години до неверојатната вечер на „Вила Парк“.

Јунаците од Бирмингем комплетно го демолираа фаворитот, а блескаа Оли Воткинс со хет-трик и капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш со два гола и три асистенции.

Мрежата на голманот Адриен ја полнеа и Мекгин и Баркли во неверојатната вечер во Премиерлигата, во која и Манчестер јунајтед прими шест гола со пораз од 1:6 од Тотенхем.

Или се заедно двете најтрофејни екипи во Англија со колекција од вкупно 39 титули примија заедно дури 13 голови.

Двата гола за Ливерпул ги постигна Мохамед Салах.

- Оглас -

Најнови вести