Историска вечер во Премиер лигата – Најтрофејните со 39 титули примија 13 гола

Кошмарна вечер има и Ливерпул во Бирмингам, а шампионот по стапките на најголемиот ривал во Англија, Манчестер јунајтед, веќе прими едно чудо голови од Астон вила.

Историскиот ден во кој двете најтрофејни екипи во Англија со вкупно 39 титули примија вкупно 13 голови веројатно е неповторлива откако Манчестер јунајтед загуби со 1:6 од Тотенхем, а Ливерпул губи со 7:2 од Астон вила на 15 минути до крајот на мечот од четвртото коло.

Воткинс со три гола ја растури одбраната на шампионот, а помогна и Грилиш со два гола и три асистенции. Астон вила никогаш досега не успеала да му даде 7 гола на Ливерпул во долгата фудбалска историја во англискиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести