Аргентина ќе биде светски првак, најавува симулацијата на компанијата EA Sports кортистејќи ја видеоиграта „ФИФА 23“. Симулациите на EA Sports го погодуваа светскиот првак во 2010, 2014 и 2018 година, па Гаучосите се надеваат дека и овојпат ќе биде точно погоден првакот.
Според симулацијата, Аргентина во финалето ќе го победи Бразил со 1-0, а Франција ќе го освои третото место со победа над Португалија во битката за бронза. И сето тоа е супер, само што има една голема „фалинка“.
Во објавата стои дека и Аргентина и Бразил ќе го освојат првото место во своите групи. Ако се случи тоа на Мундијалот во Катар, не е можно во финале да играат двете најсилни селекции од Јужна Америка бидејќи се во истата половина од костурот.
За да има финале Аргентина – Бразил, една од овие репрезентации треба да биде втора во својата група.