Арсенал чекори напред во Премиер лигата, а со триумфот од 4-1 во лондонското дерби против Тотенхем се зацврсти на врвот на табелата со 29 бода, шест повеќе од Челзи и седум во однос на Сити.
Еберечи Езе беше херојот на Топчиите на овој дуел. Офанзивецот постигна хет-трик и беше незадржлив за одбраната на Тотенхем.
Леандро Тросар го отвори резултатот во 36-тата минута, а пет минути подоцна почна „теророт“ на Езе. Тој зголеми на 2-0, а на стартот на вториот дел постигна уште еден гол.
Ришарлисон возврати со гол речиси од центар во 55-та минута, но Еберечи Езе во 76-тата минута стави точка на триумфот со првиот хет-трик во кариерата.

