Челзи претпе тежок дебакл на свој терен со 2-5 од ВБА што значеше прв пораз на Сините откако нивен предводник е Томас Тухел. Германецот вчера ја доби наградата за најдобар менаџер во месец март во Премиер лигата, но неговата серија од 14 меча без пораз заврши со спектакуларна сензација, по која се родија сомнежи.
Голем дел од навивачите на Челзи доста негативно реагираа на социјалните мрежи, а еден од позабележливите коментари беше „Како Лампард да се врати на клупата, така игра Челзи“, алудирајќи на слабата игра на лондонскиот тим по водство на клупската легенда која доби отказ кон кон почетокот на оваа година.
Без ралзика што Сините беа со 10 играчи повеќе од еден час на теренот, примија пет гола во 90 минути, двојно повеќе отколку во претходните 14 средби во сите натпреварувања. За подвигот на ВБА да биде уште повпечатлив, тимот на Алардајс славеше на „Стемфорд бриџ“ првпат од 1978 година, а пред оваа средба гостите броеја само 20 гола во 29 лигашки натпревари.
Тухел бркаше рекорд во пресрет на овој меч. Неговиот Челзи можеше да биде прв тим откако се игра овој формат на Премиер лигата, да не прими гол во шест последователни лигашки натпревари на домашен терен, со нов менаџер на клупата, а одбраната на Сините по 674 минути без застресена мрежа капитулираа на доста тежок начин.