Лионел Меси и Кристијано Роналдо се фудбалерите кои ги одбележаа последните 20-тина години во светскиот фудбал. Тоа се играчите кои доминираа на теренот, блескаа на сите можни начини, а и сега, кога се во улога на ветерани, не им се даваат на помладите и уште се најголеми ѕвезди во првенствата во коишто настапуваат.
Меси е рекордер со осум Златни топки, има освоено 12 титули во првенство, четири трофеи во Лигата на шампионите, Светско првенство со Аргентина, два трофеи во Копа Америка и уште многу награди, според Celebrity Net Worth, тој има богатство од 850 милиони долари.
Роналдо има пет Златни топки, седум шампионски титули, трофеј на Европско првенство и уште многу, многу други награди и признанија, а неговата вредност се проценува на 800 милиони долари.
Тоа значи дека вкупната вредност на Меси и Роналдо се проценува на 1,66 милијарди долари, што не е ниту блиску од тоа колку се проценува вредноста на Фаик Боликах, чија вредност е на 20 милијарди долари. Овој 26-годишен милијардер и потомок на султанот од Брунеј и е еден од неколкуте наследници на богатството кое се проценува на 250 милијарди долари.
Боликах е роден во Лос Анџелес, а кариерата ја започнува во академијата на Саутхемптон, потоа во Челзи и Лестер, но никогаш не заигра за првите екипи на овие англиски екипи. Потоа, фудбалерот кој игра на позиција лево крило направи трансфер во Маритимо во Португалија, каде што го потпиша првиот професионален договор. Сепак, и таму не се избори за место во првиот тим.
Потоа замина во Тајланд, каде што играше за Чонбури, а по две години направи трансфер во Ратчабури. Боликах има и шест настапи за репрезентацијата на Брунеј.