Иван Тричковски погоди во 29. минута за предност на Македонија против Естонија од 1:0, а само 180 секунди претходно на нашиот репрезентативец му поништија гол.
Сепак најдобриот голгетер на сите времиња на АЕК Ларнака успеа од втор обид да постигне погодок, со кој водиме со 1:0, што е одлична најава за продолжението на мечот, кој може да не остави на првото место во нашпата група од Ц сегментот.
Голот со кој поведовме со 1:0 во 29. минута можете да го погледнете ОВДЕ.
Потоа лесно можевме да поведеме со 2:0, но Тричковски промаши зицер од неколку метри, па Естонците се спасија од убедлива негатива.