Еден гол, неколку рекорди и јубилеи – легендата Кејн испиша историја во Премиер лигата (Видео)

Хари Кејн со денешниот гол против Вулверхемптон за победа на Тотенхем од 1-0, се запиша во книгата на рекорди во Премиер лигата.

За Кејн тоа беше рекорден 185-ти премиерлигашки гол во 284-тиот настап во дресот на лондонските Петли, и го надмина досегашниот рекорд од 184 гола на Серхио Агеро за Манчестер сити.

Ова беше вкупно 250-ти погодок на Кејн за Тотенхем во сите натпреварувања, и 1.000-ти домашен гол за Тотенхем во Премиер лигата. Пред Тотенхем, над 1.000 гола на свој терен дале само уште Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Челзи.

Вулфс кој тргна со седум Португалци во почетниот состав, има црна серија од десет премиерлигашки средби без победа.

- Оглас -

Најнови вести