Еден играч на Манчестер јунајтед не се радуваше на голот на Санчо, а навивачите се загрижени (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 2:0 го победи Вилјареал и се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Црвените ѓаволи со головите на Кристијано Роналдо и Џејдон Санчо обезбедија мирно последно коло.

Сепак, навивачите на овој тим се загрижени откако открија еден интересен детаљ.

На голот на Санчо, сите фудбалери дојдоа да се радуваат освен Бруно Фернандеш, кој беше видно фрустриран, а тоа го забележаа и камерите.

Дел од нив сметаат дека ваквата реакција на фудбалерот е поради тоа што беше оставен на клупата, а дел одат до таму велејќи дека тој не е задоволен од заминувањто на Оле Гунар Солскјер и дека сака да си оди од клубот.

- Оглас -

Најнови вести