Еден од главните играчи на Манчестер сити го чека подолга пауза поради давење на противник? (Видео)

Манчестер сити го победи Нотингем Форест и остана единствен тим со максимален број бодови (18 бода од 6 кола) во англиската Премиер лига, но во следните неколку натпревари Граѓаните ќе треба да играат со ослабен среден ред, ќе го нема Шпанецот Родри.

Родри денеска во една ситуација на стартот на второто полувреме, ги загуби нервите и најпрвин го фати за врат Морган Гибс-Вајт, по што го турна на земја. Шпанецот доби црвен картон. Целата ситуација детално може да ја погледнете ТУКА.

Директното исклучување значи пауза од минимум два натпревари, а еден од тие е дербито во Лондон против Арсенал на 8-ми октомври. Ако потегот на Родри се окарактеризира како агресија врз противник, фудбалерот на Сити може да добие и многу подолга суспензија отколку само два меча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести