Еден од капитените на Атлетико е позитивен на ковид-19

Атлетико Мадрид потврди дека еден од четворицата капитени, Хосе Марија Хименес, е позитивен на ковид-19. Уругвајскиот стопер го следи здравствениот протокол и веќе е во домашна самоизолација, од каде што ќе се следи неговиот случај.

Хименес е единствениот позитивен фудбалер во редовите на Атлетико утврден по вчерашните тестирања, што значи дека клучниот играч на Симеоне ќе ја пропушти средбата против Гранада во второто коло од Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести