Џанлуиџи Донарума беше еден од најзаслужните во редовите на ПСЖ во освојувањето на четирите трофеи оваа сезона, а ова посебно се однесува на Лигата на шампионите. Договорот на италијанскиот голман истекува следното лето, па „светците“ ќе мора да се потрудат да го продолжат или да го продадат голманот.
Според информациите од француските медиуми, Донарума прифаќа да остане за истата плата, но во никој случај нема да прифати намалување, а тоа сака да го искористи Манчестер сити. „Граѓаните“ ќе испратат понуда до ПСЖ за купување на Италијанецот, а Пеп Гвардиола веќе му ја ветил „единицата“ на Донарума.
Вредноста на 26-годишниот италијански голман во моментов е 35 милиони евра.