12.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Еден од најлудите автоголови ја одведе Замбија на континенталниот собир (Видео)

Замбија со 3:0 славеше над Брегот на Слоновата коска во меч од квалификациите за Африканскиот куп на нации и со овие три бода го зазема првото место во групата со 12 бодови. Брегот на СК има 10 бодови и тоа се двете селекции кои ќе играат на континенталниот собир.

Голот со кој Замбија поведе со 1:0 го одбележа овој дуел. Тоа всушност беше автогол што го постигна Серж Аурие. Фудбалерот на англискиот премиерлигаш Нотингем Форест се обиде со лизгачки старт да исфрли една топка, но таа заврши во голот на неговата репрезентација, откако голманот Чарлс Фоли несмасно реагираше.

https://twitter.com/i/status/1670070946755928067

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести