Италијанскиот судија Енцо Мареска е еден од најдобрите и најреномирани арбитри во Европа. Мареска, кој има 43 години, бил дел од сите најважни натпреварувања, судии и во Лигата на шампионите, но сега му следува едномесечно „ладење“.
Мареска е суспендиран на 30 дена, и тоа поради нешто што се случило во Кувајт. Не е редок случајот земјите од Блискиот Исток за своите фубалски дерби-дуели да носат судии од Европа, па така Мареска судеше на еден дуел, по кој заработи суспензија.
Домашниот играч Калед ал Мухсед пријавил дека Мареска му се заканил дека ќе го убие. „Следниот пат кога ќе те видам, ќе те убијам“, била заканата упатена од судијата. Мареска не демантирал дека рекол така, но објаснил дека тоа го кажал како шега.
Сепак, од УЕФА не се убедени во оваа шега на судијата, па Мареска, кој синоќа требаше да биде четврти арбитер на дуелот меѓу ПСВ Ајндховен и Спортинг, доби суспензија и е тргнат од листата на судии, а ќе одмора и од мечеви во Серија А во октомври.