24.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Еден од најстарите клубови во светот отиде во стечај, следува банкрот?

Фудбалскиот клуб Шефилд вензди официјално е во стечај поради акумулирани финансиски проблеми.

Со овој потег, клубот од дното на Чемпионшип автоматски ќе биде казнет со одземање на 12 бода, судбина што го снајде и Дерби Каунти во 2021 година.

Нестабилноста во клубот трае веќе долго време под контроверзното сопствеништво на тајландскиот бизнисмен Дејфон Чансири, кој го презеде Шефилд вензди во 2015 година. Во текот на изминатите сезони, клубот постојано беше казнет со ембарго за регистрација на играчи, а во 2020/21 година беше казнет со шест бода за кршење на финансиските регулативи. 

Навивачите, разочарани од состојбата на клубот, бојкотираат со месеци и бараат од Чансири да го продаде клубот. Самиот сопственик во јуни изјави дека е подготвен да разгледа понуди за продажба, а сега клубот ги моли фановите во поголем број да одат на стадион и да трошат пари за храна, пијалоци и реквизити, со што би му помогнале на клубот.

Шефилд Вензди е еден од најстарите фудбалски клубови во светот, со повеќе од 150 години традиција. Тимот моментално е на последното место во Чемпионшип со -6 бода по 11 натпревари и само со чудо би се спасиле од испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести