Фудбалерите на Манчестер јунајтед им приредија ново разочарување на своите навивачи откако во саботата загубија од Њукасл со 1:0 и го продолжија трендот на слаби резултати на гостувањата против најдобрите екипи во Премиер лигата.
Имено, откако Тен Хаг е менаџер, Манчестер јунајтед одигра 12 натпревари на гости против екипите кои моментно се во горниот дел од табелата, освои само два бода, односно само двапати одигра нерешено.
Тоа го направи во ноември минатата година, кога на „Стемфорд бриџ“ ремизира 1:1 против Челзи благодарение на голот на Каземиро во судиското продолжение, и во април годинава, кога одигра 2:2 против Тотенхем.
На останатите мечеви, Црвените ѓаволи загубија, а посебно болен беше поразот од најголемиот конкурент Ливерпул, и тоа од 7:0.
Натпревари на гости на Манчестер јунајтед под водство на Тен Хаг против најдобрите екипи:
Манчестер сити – Манчестер јунајтед 6:3
Астон вила – Манчестер јунајтед 3:1
Челзи – Манчестер јунајтед 1:1
Арсенал – Манчестер јунајтед 3:2
Ливерпул – Манчестер јунајтед 7:0
Њукасл – Манчестер јунајтед 2:0
Тотенхем – Манчестер јунајтед 2:2
Брајтон – Манчестер јунајтед 1:0
Вест хем – Манчестер јунајтед 1:0
Тотенхем – Манчестер јунајтед 2:0
Арсенал – Манчестер јунајтед 3:1
Њукасл – Манчестер јунајтед 1:0