Егоров го освои петтото место на СП во борење

Македонскиот борач Владимир Егоров го освои петтото место на Светското првенство во борење во Загреб.

Во борбата за бронзениот медал Егоров загуби со 1-3 од Гуломјон Абдулаев од Узбекистан.

Претходно, во репасажот убедливо го совлада Канаѓанецот Гарет Остин Сандерс со 10-0 и си обезбеди шанса да се бори за медал.

- Оглас -

Најнови вести