27.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Еден потег беше доволен за Рома да слави на „Олимпико“ против Лацио (Видео)

Рома минимално со 1:0 го победи Лацио на „Олимпико“ во големото римско дерби. Ова беше дуел во рамките од четвртото коло на Серија А, а Рома иако ја имаше улогата на гостин, на крајот се радуваше на трите бода. За ова ова е трета победа во последните четири средби со градскиот сосед.

Радоста на Рома дојде во 38 минута кога дефанзивната линија на Лацио направи грешка, домашните играчи ја загубија топката, а Лоренцо Пелегрини ја затресе мрежата на противникот за голема радост на фановите на Римската волчица.

Во второто полувреме Лацио се обидуваше да се спаси од пораз, но играта на Рома беше одлично поставена и гостите се одбранија. Најдобрата шанса Лацио ја имаше во 90+4 минута кога беше погодена стативата.

За Рома ова е трета победа во четвртото коло и со девет бодови моментално е на четвртото место на табелата со девет бодови.

Лацио го претрпе третиот пораз во првите четири кола, што е само трет пат во последните 50 години на Небесносините да имаат ваков биланс на почетокот на новата сезона во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести