Американскиот голфер Патрик Рид го привлече вниманието на светската спортска јавност откако на турнирот во Аделаида успеа да погоди во дупката од прв обид.
Потребно беше само 15 минути од почетокот на турнирот, а навивачите на трибините буквално да збеснат. Рид замавна, а топчето заврши директно во дупката, што беше доволно за воодушевување на трибините.
Навивачите од сите делови на трибините почнаа да фрлаат со полни чаши со вода, сокови и пиво, а Рид славеше на теренот.
„Забавата започна многу рано. Беше нереално. Грлото уште ме боли од урлање, а и адреналинот ми се зголеми. Се тресев и не можев да се смирам“, рече Рид по погодената дупка од прв обид.
Голферот се пожали на тоа дека бил „избањат“, но беше среќен.
„Мирисам на многу работи, но тоа е тоа што го очекував. Лудило и хаос. Чувствувам дека сите добро се забавуваа, но никогаш не се знае со работите кои ги фрлаат околу вас“, додаде голферот, кој со еден потег предизвика ерупција од воодушевување на трибините.
Ова беше само деветти пат да се погоди дупка од прв обид во историјата голф турнирите на ЛИВ.
🚨 @PReedGolf ACE ON THE WATERING HOLE!
Watch LIVE now on the @foxsports App 📺#LIVGolfAdelaide @4AcesGC_ pic.twitter.com/EIHZXKtsMu
— LIV Golf (@livgolf_league) February 14, 2025