9.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Еден стадион е дом на два клуба кои играат во првенства на две различни земји

Многу стадиони низ светот имаа посебна симболика по која се разликуваат од сите останати. Некои имаат посебна традиција, други се со уникатен изглед, потоа има стадиони кои се „дом“ на повеќе клубови…

Само на едно место во светот постои стадион кој е дом на два клуба кои се натпреваруваат во првенства во две различни земји. Тоа е стадионот „Ryan McBride Brandywell“, кој се наоѓа во Северна Ирска во градчето Дери.

Од градот Дери е клубот Дери сити, но интересно е дека тој тим не се натпреварува во првенството на Северна Ирска, туку е дел од шампионатот на Република Ирска.

Вториот клуб кој како домаќин игра на овој стадион е екипата на Институте, која е дел од втората лига во Северна Ирска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести