33.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Едерсон ќе се пресели во Галатасарај, Донарума ќе биде новиот голман на Манчестер сити

Голманот на Манчестер сити, Едерсон, е на чекор од трансфер во Галатасарај откако стана јасно дека Бразилецот ги договорил личните услови и во Истанбул ќе добива по седум милиони евра годишно.

Овој трансфер може да значи и крај на сагата околу Џанлуиџи Донарума бидејќи Италијанецот веднаш добил повик од Пеп Гвардиола, па и покрај тоа што за него имаше интерес и од Манчестер јунајтед и Челзи, едноставно не можел да ја одбие поканата од Каталонецот.

Според медиумите на Островот, доцна синоќа веќе се договорени и личните услови, а сега останува уште на ПСЖ и Манчестер сити да се договорат околу висината на обесштетувањето. Светците се надеваат дека ќе добијат 50 милиони евра, но понудата на Граѓаните ќе биде пониска, а конечната сума би требало да се движи помеѓу 30 и 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести