Единствениот навивач кој ги дочека играчите на Интер вели: Јас сум идиот, но…

Интер го претрпе најтешкиот пораз во едно финале во Лига на шампиони, откако со 5:0 загуби од Пари Сен Жермен. За Интер ова беше втор пораз во финалето од елитното натпреварување, но ако пред две години немаше големо разочарување, овојпат никој не ги пречека фудбалерите на Нераѕурите по враќањето во Милано.

Всушност, имаше само еден навивач на Интер кој специјално пристигнал на аеродромот во Милано, за да ги поздрави играчите кои претрпеа историски пораз.

„Јас сум единствениот идиот, но овие момци сепак заслужуваат аплауз“, е коментарот на навивачот кој даде поддршка за поразениот тим во финалето во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести