Една фотографија објаснува зошто Кевин Дурант се зарази со Коронавирус

Раперот Дрејк во последните години е познат како малер, особено за познатите спортисти со кои се фотографира и дружи. Одамна се зборува за „проклетството Дрејк“ бидејќи случајно или не, откако тој ќе се слика со некој спортист, тие спортисти почнуваат со порази и послаби резултати од претходно.

Овојпат Дурант по сликање со Дрејк, не падна во форма, туку се разболе. Дрејк пред една недела објави фотографија со ѕвездата на Бруклин нетс. Сега музичарот е во карантин, а сите кои знаат за клетвата, на големо се шегуваат дека редот му дојде и на Дурант. Што ли му требало на КД да се фотографира со Дрејк, се прашуваат фановите на кошаркарот?

- Оглас -

Најнови вести