Една година немаше клуб, а сега е подобар и од голманите на Интер и Милан

Давид де Хеа во 2023-тата кога го напушти Манчестер јунајтед важеше за еден од најдобрите европски голмани. Сепак, шпанецот една година остана надвор од фудбалските терени, бидејќи не можеше да најде соодветен ангажман.

Летоска изненади многумина со потписот за Фиорентина, а со своите одбрани се наметна како еден од најдобрите голмани во Серија, па тоа е и причината за „виолетовите“ да ја активираат неговата клаузула од договорот и да го задржат на „Артемио Франки“ уште една сезона.

34-годишниот голман имаше договор само до крајот на тековнава сезона, но сега во Фиренца ќе остане најмалку до летото 2026-тата, а ќе добие и двојно поголема плата. Де Хеа оваа сезона одбрани 80.6% од ударите кои беа упатени кон неговиот гол, а тоа е поголем процент дури и од голманите на Интер, Јан Сомер, и голманот на Милан, Мајк Мањан.

- Оглас -

Најнови вести