Неверојатен тикет ни пристигнува од тетовската Брвеница, каде што редовен играч на Sport Life со уплата само од 400 денари на седум натпревари успеа да дојде до неверојатна добивка од 438.076 денари.
Интересно, сите седум натпревари се одиграни со иста игра, 1-1 & 3-5, односно домашната екипа да води на полувремето и да победи на крајот и на натпреварот да бидат постигнати помеѓу три и пет гола. Квотите се помеѓу 2.60 и 3.05, навистина импресивно.
Пет од натпреварите се одиграа во саботата и за недела останаа само два меча од пладневната програма, П’лзењ – Будејовице и Атлетико Мадрид – Алмерија. Сепак, последните два натпревари минуваат без поголема драма и носат голема радост во Брвеница.
Атлетико Мадрид уште по првото полувреме води со 2-0, а Алмерија во 62-рата минута намалува на 2-1, што на крајот е и конечен резултат, додека П’лзењ со 5-0 го победува Будејовице, но последниот гол е дури во 94-тата минута.