24.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Една милијарда евра за засилувања – Премиерлигата е најмоќна, останатите се далеку (Фото)

Англичаните потрошија убедливо најмногу пари во летниот преоден рок, а Премиер лигата е без конкуренција во светски рамки и единствена каде што се потрошија над една милијарди евра за трансфери на фудбалери.

Преодниот рок сè уште трае, а премиерлигашите сè уште можат и да ја кренат вкупната сума за трансфери ако се случи Хари Кејн да си замине од Тотенхем во Манчестер сити.

Понудата на шампионот е 150 милиони евра, Тотенхем одбива да го пушти капитенот и бара 150 милиони фунти, па сè уште може да се случи пресврт и англискиот репрезентативец да игра за Манчестер сити.

И без тој трансфер, Премиер лигата е убедливо на првото место, пред италијанската Серија А, каде што се потрошени околу 447 милиони евра за летни засилувања на клубовите.

Трета е Бундеслигата со 340 милиони евра за засилувања, а зад нив е Лига 1 во Франција со 302 милиони евра и шпанската Ла Лига, каде што клубовите ги тресе финансиска криза и трошеа многу помалку од вообичаеното, само 152 милиони евра, со што се на петтото место.

Распоредот е очекуван и сите пет водечки лиги, или популарните Топ-5 во Европа, се на првите пет места, пред руската лига, Жупилер лигата во Белгија, португалската Примеира, Лигата на Саудиска Арабија и Серија Б во Италија, која е последна во Топ-10 најголеми потрошувачи за засилувања во летниот преоден рок.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести