Екипата на Њујорк сити се пласира во полуфиналето од МЛС-плејофот откако минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Филаделфија. Покрај единствениот гол кој беше клучен за победа на гостите, во главна улога на овој меч беше и голманот на Филаделфија и капитен на тимот, Андре Блејк, кој имаше спектакуларна одбрана на почетокот од второто полувреме.
Се играше 55-тата минута кога напаѓачот на Њујорк сити, Николас Меркау, освои една топка, тргна во напад, а изненадувачки реши да шутира од повеќе од 50 метри, односно од својата половина.
Голманот на домаќините, Блејк, беше излезен далеку напред, но трчаше речиси 50 метри за да стигне и на крајот буквално од пред самата гол-линија да успее да ја сопре топката да ја затресе мрежата.
Одбраната од 55-тата минута може да ја видите ТУКА.
Во полуфиналето Њујорк сити ќе игра против тимот на Интер Мајами предводен од Лионел Меси.

