20.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Една традиција најавува дека победник на Копа Америка ќе биде Колумбија

Репрезентацијата на Колумбија со три победи во трите меча од групната фаза на Копа Америка, и притоа без примен гол, најави кандидатура за континенталната титула. И бројките им одат во прилог на „кафетеросите“.

Во последните три случаи кога еден тим на Копа Америка, освоил девет бода на трите меча во групата, а не примил гол, играл финале. Во 1995 година, Бразил со 9 бода без примен гол беше финалист, истото го сторија и Боливија во 1997 година, а во 2001 година, Колумбија имаше ист биланс како сега, и стана шампион на Копа Америка.

Доколку се репризира Копа од пред 18 години, кога Колумбија беше максимална во групите, оваа репрезентација ќе стане првак. Овој тим покажа дека против никого не се опушта и не тактизира, дава голови, а притоа одбраната добро си ја врши работата.

- Оглас -

Најнови вести