Едно е сигурно, Баерн денеска конечно ќе загуби во ЛШ!

6010 Шахтар – Реал Мадрид (18:55 ч.)

Реал Мадрид не смее да дозволи уште еден шок против Шахтар. Украинскиот тим победи во Мадрид пред еден месец со 3:2, но Кралскиот клуб потоа се созеде и со две победи и реми стигна во добитна ситуација на табелата. Гостите ќе бидат ослабени затоа што сигурно нема да играат Азар, Рамос, Карвахал, Валверде, Јовиќ, но затоа се враќа Бензема.

Дека и без повеќе отсутни првотимци Реал може да победи на тешко гостување, се покажа минатата недела, кога со 2:0 го победија Интер на „Џузепе Меаца“. Шахтар ќе брка победа со која ќе се најде во пол-позиција во однос на Реал пред последното коло, но тешко дека домаќините ќе можат повеќе од едно полувреме да се одбранат против фаворитот.

Предлог тип: Х-2 (4.50)

 

6009 Локомотив Москва – Салцбург (18:55 ч.)

Пред да започнат мечевите, Локомотив делуваше како аутсајдер, но рускиот тим со игрите потврди дека има квалитет. Во двата меча со Атлетико, екипата од Москва не загуби, а одигра и нерешено на гости кај Салцбург. Одбраната е адутот на Локомотив, додека кај Салцбург е токму обратно.

Нападот на гостите треба да проработи ако сака да стигне до успех на тешкото гостување.

Предлог тип: 1Х&0-3 (3.45)

 

6014 Ливерпул – Ајакс (21 ч.)

Дури седуммина играчи недостасуваат кај Ливерпул, но ако не сака да компликува, англискиот првак треба да оди на победа која ќе гарантира место во нокаут-фазата. Минатата недела Ливерпул загуби дома од Аталанта, па Јирген Клоп сигурно ќе се потруди да нема ново изненадување.

Ајакс во ноември одигра шест меча и забележа исто толку победи. Гигантот од Амстердам дома загуби од Ливерпул, но сигурно нема да оди предвреме да се предаде на „Енфилд роуд“.

Предлог тип:  ГГ3+ (1.62)

 

6012 Атлетико Мадрид – Баерн Минхен (21 ч.)

Баерн Минхен е апсолутен владетел во Европа. Германскиот гигант има 15 победи во низа, но токму денеска се очекува крај на оваа нивна серија. Тренерот Ханси Флик реши да одмори неколкумина клучни играчи и тоа треба да биде шанса за домаќините. Со каков состав Баерн замина во Мадрид, може да прочитате ТУКА.

И во Атлетико нема да бидат комплетни затоа што домаќините ќе играат без Коста, Суарес, Санчес, Тореира, па може да имаат проблем во нападот. Сепак, нема да биде изненадување ако загуби Баерн.

Предлог тип: 1 (2.00)

 

6013 Борусија М. – Интер (21 ч.)

Интер е разочарување затоа што Нераѕурите немаат ниедна победа досега. Борусија игра офанзивен фудбал, а Интер сигурно ќе се обиде да стигне до првиот триумф во ЛШ.

Историјата од меѓусебните дуели вели дека на четири од пет меча било гол-гол.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.76)

 

- Оглас -

Најнови вести