Повеќе од една година немало повисок коефициент за победа на Баерн Минхен! Зошто е тоа така?

Баерн Минхен е тимот кој доминира во Лигата на шампионите и на секој нареден меч поставува нов рекорд по бројот на победи во низа. Актуелната серија на германскиот првак е 15 триумфи по ред во елитното натпреварување на УЕФА.

Низата започна со стартот на минатата сезона во ЛШ. Баерн нареди шест победи во групната фаза, а потоа се радуваше и на сите мечеви во нокаут-системот. Едноставно, таква доминација немало никогаш претходно, па Баерн до европскиот трон стигна до 11 победи во 11 дуели.

Серијата победи продолжи и оваа сезона, па во досегашните четири средби Баерн има исто толку победи. Со максимални 12 бодови, европскиот владетел не само што си обезбеди место во нокаут-фазата, туку е сигурно прв без разлика на резултатите во последните две кола.

Токму поради тоа тренерот Ханси Флик реши за денешниот меч против Атлетико Мадрид одмор да им даде на неколку клучни играчи. На голот нема да биде Мануел Нојер, а во нападот ќе ја нема ниту „машината за голови“, Роберт Левандовски. Поштеден е и германскиот репрезентативец Горецка. Ако се знае дека поради разни повреди нема да играат ниту Дејвис, Кимих, Мартинез, Ричардс, Толисо, Рока, Тилман и Сар, јасно е дека Баерн вечерва нема да биде во улога фаворит на гостувањето во Мадрид против Атлетико.

Според коефициентите во Sport Life, Атлетико е фаворит, но никогаш не смее да се заборави германската упорност и желба за победа, па тоа може да биде одлична можност за добра заработка ако се обложите на Баерн бидејќи кај гостите, сепак, ќе има искусни и квалитетни фудбалери, како што се: Милер, Алаба, Коман, Гнабри, Павард…

 

- Оглас -

Најнови вести