Едноставен избор за Саутгејт: Богатство за триумф на Мундијалот во Катар или отказ

Англиската фудбалска федерација подготви богата награда за селекторот Герет Саутгејт доколку Гордиот Албион триумфира на Светското првенство во Катар кое започнува за малку повеќе од еден месец.

Англиските медиуми пишуваат дека Саутгејт ќе добие премија од 4,6 милиони евра доколку Англичаните по вторпат во историјата станат светски шампиони, првиот пат триумфираа во 1966 година.

Таблоидот „Сан“ пишува дека Саутгејт ќе може да смета на награда речиси трипати поголема од понудената за триумфот на Мундијалот во Русија што се играше пред четири години.

Тогаш премијата за Саутгејт изнесуваше 1,7 милиони евра за триумф, а Англија во Русија настапот го заврши на четвртото место.

Англија на Светското првенство во Катар е во групата Б со Иран, САД и Велс.

Но, медиумите исто така пишуваат и дека Саутгејт иако има договор до 2024 година вреден 6,9 милиони евра годишно, може да добие отказ по Мундијалот.

Тој се најде на удар на јавноста и на навивачите поради слабите игри на репрезентацијата во последно време и кои резултираа со испаѓање од елитната дивизија во Лигата на нациите и доколку не оствари добар резултат, тогаш сигурно ќе добие отказ.

Како потенцијални наследници се споменуваат Томас Тухел и Маурисио Покетино.

- Оглас -

Најнови вести