Едвардс во октагонот го претепа миленикот на Трамп, на трибините ММА борци не можea да ја дочекаат борбата за титулата и си делеа боксови (Видео)

Утринава во Парадајс, град во близина на Лас Вегас се одржа последната приредба на УФЦ во 2023 година во која главна борба беше таа за титулата во велтер категоријата (до 77 килограми) меѓу шампионот Лион Едвардс и Колби Ковингтон.

https://twitter.com/i/status/1736270204408074379

 

По пет рунди и 25 минути борба во октагонот, судиите донесоа едногласна одлука, шампионот Едвардс ја задржа титулата откако славеше со 49-46 на бодови.
Ова е трет пораз за Колби Ковингтон во мечевите за титулата, пред Едвардс, тој двапати губеше и од Камару Усман.

 

На Ковингтон не му помогна ниту податокот дека од првиот ред во трибините беше бодрен од страна на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп кој не крие дека Колби му е омилен ММА борец. Ковингтон пред влегувањето во октагонот се поздрави со Трамп, а по мечот уште еднаш му даде поддршка на милионерот кој повторно ќе се кандидира за претседател на САД.

Возбуливо беше и на трибините каде се степаа Шон Стрикланд и Дрикус ду Плесис, кои во јануари ќе се борат за титулата во средна категорија.

На социјалните мрежи се појави видео на кое шампионот Стрикланд и Ду Плесис не се штедат и разменија неколку боксови, а според видеата може да се види дека предизвикувачот го извлече подебелиот крај пред да бидат раздвоени од обезбедувањето и полицијата.

Во останатите борби, Алехандре Пантоја со едногласна одлука на судиите (50-45,50-45,49-46) го победи Брендон Ројвал во меч за титулата во мува категоријата. Шавкат Рахмонов во втората рунда со „гушење“ го победи Стивен Томпсон, Педи Пимблет на поени го победи Тони Фергусон, а Џош Емет брутално го нокаутира Брајс Мичел во првата рунда.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести