Анадолу Ефес и Барселона го одбранија домашниот терен и се изборија за петти мечеви на гости во четвртфиналето на плејофот во кошаркарската Евролига.
Пиварите од Истанбул со 85-82 беа подобри од европскиот првак Панатинаикос, и израмнија на 2-2, а првиот човек на ПАО, контроверзниот Димитрис Јанакопулос преку социјалните мрежи уште во текот на мечот ги обвини судиите и Евролигата дека се „мафија“.
Барса до 2-2 против Монако дојде со триумф од 79-72 истотака обезбеден во финишот. Во серијата на Барселона и Монако сите четири меча ги добија екипите кои беа домаќини.
Учество на финалниот турнир веќе обезбедија Олимпијакос и Фенербахче.