Ефес му зема нова мерка на Фенербахче

Анадолу Ефес лесно и неочекувано убедливо го доби турското дерби од 13-тото коло против Фенербахче и остана на врвот на табелата со биланс од 11 победи и само два порази.

Ефес славеше со 81:73, а повторно лидер беше Шејн Ларкин со 20 поени и 11 погодени слободни фрлања од 12 обиди. Поефикасен од апсолутниот рекордер во Евролигата беше само Крунослав Симон со 22 поени, а Ефес третпат по ред го победува поранешниот европски првак.

Кај Фенербахче Дерик Вилијамс беше прв стрелец со 16 поени, а Фенер се оддалечи од позициите што водат во Топ-8 фазата и во битката за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести