Анадолу Ефес поведе со 2-0 во победи против Реал Мадрид и на одличен начин го искористи домашниот терен во овој четвртфинален двобој. По триумфот од 27 поени разлика на првиот дуел, вечерва Пиварите го надиграа Кралскиот клуб со 91-68, и сега се на еден триумф од пласман на фајналфорот.
Сега серијата се сели во Мадрид, но на Реал ќе му треба чудо за место меѓу четирите најдобри во Европа. Мициќ со 23 и Ларкин со 21 поен беа најрасположени во турскиот тим.