Ефикасно ќе биде на мечевите од ЛШ, голови ќе има и во Русија, Германија и Англија (Фото)

Пет фудбалски натпревари со одлични квоти се дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life. Квотите се движат помеѓу 2.10 и 2.80, а заедно прават одличен тикет со вкупна квота од 72.8

Фудбалерите на ЦСКА Москва се очекува да обезбедат пласман во полуфиналето од Купот на Русија, а за да го сторат тоа, треба да бидат ефикасни против Ростов. Квотата од 2.25 ќе биде добитна само ако домашните постигнат најмалку еден погодок во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар.

Борусија Менхенгладбах е фаворит против третолигашот Сарбрикен во Купот на Германија, а понудената квота од 2.20 ќе биде добитна само ако не загубат на ова гостување, а на натпреварот бидат постигнати најмалку три погодоци.

Ефикасен фудбал се очекува на мечот од Чемпионшип дивизијата помеѓу Бирмингам и Мидлсборо. Понудената квота за овој натпревар е 2.10, а ќе биде добитна само ако двете екипи постигнат барем по еден гол, но и ако голови бидат постигнати во двете полувремиња.

Екипата на Барселона е пред пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но за да биде добитна квотата од 2.80, која воедно е најголема од сите во Квотите на денот, потребно е Каталонците да му дадат барем два гола на Наполи, но и да примат барем еден гол.

Арсенал е апсолутен фаворит против Порто и очекувањата се дека не само што ќе победи, туку дека ќе има водство и на полувреме. Доколку тоа се оствари, но и ако бидат постигнати најмалку три гола на натпреварот, тогаш понудената квота од 2.50 ќе биде добитна.

- Оглас -

Најнови вести