Човекот кој го даде голот во последната секунда за прва европска титула на Вардар оди во пензија (Видео)

Иван Чупиќ, еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња, најави дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезонава. Легендарното крило на хрватската репрезентација има 39 години и оди во заслужена ракометна пензија.

Покрај многуте успеси во кариерата, Чупиќ го врзуваат и одлични спомени со најтрофејниот македонски клуб Вардар. Тој беше дел од Црвено-црните во најубавиот период и се радуваше на две европски титули.

Посебно се памети фајнлфорот во 2017 година, кога во финалето против ПСЖ при нерешен резултат 23:23 и само седум секунди до крајот, Вардарци направија перфектна акција, која со гол во последната секунда ја заврши Чупиќ и Вардар се искачи на европскиот трон.

И по повеќе години откако заврши со бајката во Вардар, Чупиќ со задоволство раскажува за деновите поминати во Скопје и за тоа дека во Македонија се чувствувал како да е некој познат фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести