Ефикасно во Бремен – Вердер и Ајнтрахт ремизираа 2:2

Вердер и Ајнтрахт Франкфурт само ја дофилуваат серијата ефикасни мечеви во сабота во Бундеслигата, а во возбудлив дуел одиграа 2:2.

Максимилијан Егштајн со прекрасна финта и прецизен удар му донесе предност на Вердер во 27. минута, но само осум минути подоцна имаше нов мајсторски потег во режија на гостинскиот напаѓач Анте Ребиќ.

Вердер повторно поведе во 52. минута, а интересен гол даде Мартин Харник. Во 68. минута гостите добија подарок пенал од Аугистинсон, кој играше со рака непотребно, а прецизен од белата точка беше Себастиен Халер.

Во истиот термин од 18.30 часот се играше меч и од шпанската Ла Лига, а резултатот меѓу Леганес и Еибар е идентичен, 2:2.

- Оглас -

Најнови вести