Египетскиот голман закажа финале на Салах против Мане во финалето на африканското првенство

Египет на пенали го победи Камерун и ќе игра во финалето на Африканскиот куп на нациите против Сенегал. Домашната селекција издржа 120 минути да не прими гол од опасните Фараони, но Камемрунците немаа нерви во пенал-серијата, и од четири шута, погодија само еднаш.

Јунак на Египет е голманот Мохамед Абу Габал, познат по прекарот Габаски, кој одбрани два пенали, а од страв да не им одбрани Габаски, еднаш Камерунците шутнаа надвор од рамките на голот. Сите шутери на Египет беа прецизни како и против Брегот на Слоновата Коска во осминафиналето.

За Египет ова ќе биде десетто финале и одат по рекордната осма титула.

- Оглас -

Најнови вести